Нова населба Хиподром 2, како и нови мини-населби во Сопиште и во Припор каде што ќе може да се градат станови и куќи за потребите на проектот „Kупи куќа, купи стан“ - најави вчера министерот за финансии, Зоран Ставрески, по средбата со скопските градоначалници и со претставниците на градежниот сектор во земјава. На располагање во моментов има околу 1.000-1.500 станови кои се во фаза на градба во повеќе општини, како во Аеродром, Ново Лисиче и Лисиче, Гази Баба, во делот на Железара, во делот на ФАС „11 Октомври“ и во Ѓорче Петров. Ќе има локации и во Сопиште, во Бутел и во Чаир. Во сите овие општини во моментов во фаза на градба се над 1.000-1.500 станови, а во следниот период ќе има и локации за изградба на уште толку станови или куќи. Во следниот период планирани се и директни средби меѓу градежните компании и градоначалниците, како и средби со градоначалниците од внатрешноста каде што цената не е проблем, туку обезбедувањето дополнителни локации.
Нова населба Хиподром 2, како и нови мини-населби во Сопиште и во Припор каде што ќе може да се градат станови и куќи за потребите на проектот „Kупи куќа, купи стан“ - најави вчера министерот за финансии, Зоран Ставрески, по средбата со скопските градоначалници и со претставниците на градежниот сектор во земјава.
- На располагање во моментов има околу 1.000-1.500 станови кои се во фаза на градба во повеќе општини, како во Аеродром, Ново Лисиче и Лисиче, Гази Баба, во делот на Железара, во делот на ФАС „11 Октомври“ и во Ѓорче Петров. Ќе има локации и во Сопиште, во Бутел и во Чаир. Во сите овие општини во моментов во фаза на градба се над 1.000-1.500 станови, а во следниот период ќе има и локации за изградба на уште толку станови или куќи - рече Ставрески.
Во следниот период планирани се и директни средби меѓу градежните компании и градоначалниците, како и средби со градоначалниците од внатрешноста каде што цената не е проблем, туку обезбедувањето дополнителни локации.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Kрстевски, изјави дека таа е доста поволна локација за овој проект бидејќи таму и претходно становите се продаваа под 900 евра за квадрат како што предвидува проектот.
- Во моментов работиме на издавање одобрение за градба за близу 550 станови. Тоа се локациите кај Ќерамидница, во делот на ФАС „11 Октомври“, локација во Железара, во Ченто. За локацијата во Железара веќе е издадена градежната дозвола и почнато е со градба. За преостанатите две локации за 15 дена дозволите ќе бидат готови и инвеститорите ќе почнат да градат. Општина Гази Баба од оваа недела ги зема ингеренциите од централната власт во делот на управувањето со градежното земјиште и планираме да почнеме со продажба на слободните државни парцели. Тоа е пред с` за целата населба Хиподром 2. Во неа се планирани околу 300 локации за индивидуално домување и околу девет локации за колективно домување - рече Kрстевски.
Градежниците се задоволни од она што го понудија градоначалниците.
- Со оглед на тоа што го презентираа градоначалниците, сигурен сум дека ќе има голем интерес за градење - рече Сеат Kочан, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.
Тие претходно понудија и станови кои веќе се во изградба, кои се вклопуваат во условите за проектот, а во проектот се вклучи и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор со станови во Скопје и во внатрешноста на земјата.